Сабаленка лудо се забавуваше на концертот на бендот за кој зборува целиот свет

159
Фото: Арина Сабаленка/Инстаграм

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) уживаше во концерт на бендот „Колдплеј“ во Мајами, каде што живее со години.

Најдобрата тенисерка на светот не можеше да го пропушти спектаклот на бендот за кого зборува целиот свет, не само поради музиката, туку и поради неодамнешниот скандал со американскиот милионер-прељубник и неговата љубовница и колешка.

Сабаленка изнајми ложа и беше таму со своите пријателки и нејзиното момче, Бразилецот со грчко потекло, Јоргос Франгулис.

ПретходноАморим кажа што мисли за Фернандеш
СледноАлонсо прави чистка, закажал состанок со петмина фудбалери