Србљак ќе игра финале во квалификациите во Куршумлијска Бања!

22
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Македонскиот тенисер Горазд Србљак со двете победи во квалификациите на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања се избори за трет – финален меч што ќе се игра утре (вторник). Негов противник ќе биде Кристијан Кампесе од Италија. Србљак денеска во изедначен меч во второто квалификациско коло го елиминира домашниот тенисер Марко Николиќ. Нијанси го решија мечот, откако Србљак поведе со 1-0 во сетови по добиениот прв сет со 7:6(6), Николиќ изедначи на 1-1 со освојување на вториот сет во тај брејкот со 7:6(5). Во решавачкиот сет на поени беше 10-8 за македонскиот тенисер.

Во првото коло од квалификациите Србљак го совлада Андреј Куницин со 2-1 во сетови (62 46 10-7).

Во квалификациите од првото беше елиминиран Обрад Марковски, кој загуби од Седрик Станке од Германија со 2-1 во сетови (62 57 13-11 на поени).

На главниот турнир ќе настапи Калин Ивановски, кој е рангиран како осми носител и во првата рунда в среда (најверојатно) ќе игра против победник од квалификациите.

ПретходноПетковиќ со шокантна изјава: “Бобан има биполарно пореметување, тој не може да уринира по мојот образ“!
СледноРодриго не е заинтересиран за трансфер во Тотенхем!