По нешто повеќе од еден час лет од Солун до Букурешт, експедицијата на Шкендија пристигна во главниот град на Романија. Следуваше сместување во еден од престижните хотели во Букурешт. Утре се знае, тренинг на Националната Арена во пресрет на реванш мечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против ФЦСБ (Стеауа) а и прес конференција.
Колку за потсетрување. Шкендија во првиот меч победи со 1:0 и ако успее да ја мине оваа пречка тогаш ќе испише историја, ќе обезбеди најмалку пласман во Лигашката фаза во ЛК (групна фаза) и ќе обезбеди најмалку 5 милиони евра од УЕФА.
Инаку денеска тема на денот во Букурешт е казната што УЕФА му ја изрече на Флорин Танасе по оној старт врз Љатифи на првиот меч во Скопје, по што доби и црвен картон. Танасе е казнет со три меча, и таа казна за тамошната јавност беше шокантна.
Од друга страна, Камер Ќака, играчот за врска на Шкендија, кој исто така на тој меч доби исклучување, ќе го прескокне само овој меч во Букурешт кој се игра во среда од 19:30 часот.