Во четврток од 20:15 часот, Вардар во Лозана ќе го одигра реванш мечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Нашиот најтрофеен клуб во Швајцарија патува со еден гол предност. По тие скопски 2:1, па за минување натаму му одговара и реми.
Во пресрет на реваншот во Лозана, свој коментар имаше Камерунцот, Данел Донгмо, еден од клучните играчи на тимот на Гоце Седлоски:
„Да, првиот натпревар беше одличен, мора да го повториме истото и да победиме во Лозана за влез во следното коло. Мислам дека најсилна на Вардар е средниот ред. Ако ја добиеме биткатана средината од теренот, мислам дека ќе победиме“ истакна играчот за врска на Вардар.