Димитар Тодоровски на првата средба со Лозана, од квалификациите во 2.коло во Лигата на Конференци, кога Вардар победи со 2:1, одигра навистина одлично. Можеме слободно да кажеме дека беше еден од најдобрите во тимот на Вардар.
Се очекуца од него да го повтори тоа и на реваншот во Лозана, кој се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.
Еве што вели Тодоровски пред патувањето во Лозана.
“Се работи за одлична екипа. Се покажа тоа и на терен, сепак ние направивме добра анализа за нив и мислам дека заслужено го добивме тој прв меч. Според мене мислам дека можеме да очекуваме далеку потежок меч на гости во Лозана“.