Трет меч во групата Ц за У-18 селекцијата на Македонија, и трет убедлив пораз. По Литванија и Грција, вечерва и домашната кошаркарска селекција на Србија се покажа деке е за класа поквалитетен тим од нашиот состав, па така на крајот резултатот беше 89:59.
Уште во првиот период од играта, младите српски кошаркари покажаа сила и го добија со 24:8. Се навестуваше нова катастрофа, дебакл, ако и ова не е дебакл, затоа што втората четвртина домашните кошаркарки ја добија со +10 поени.
Сепак малку надеж за нешто подобар резултат даде продолжението од средбата, кога Македонија успеа да го добие третиот период со 21:18, но сепак тоа беше премалку за да се избегне уште еден убедлив пораз.
Ова значи дека нашите јуниори групата ја завршија убедливо на последната позиција.
Што се однесува до понтерите, во нашиот репрезентативен табор Јаничиќ запиша 19 поени а Ѓорѓевиќ 14.