НБА инсајдер тврди: Леброн Џејмс не сака сè уште да се пензионира

107

Леброн Џејмс, иако веќе ја започна петтата деценија од својот живот, сè уште игра кошарка на врвно ниво. Сепак, сè уште не е сосема извесно кога ќе ги „закачи патиките на клин“ и ќе му каже збогум на спортот.

Познатиот НБА инсајдер тврди дека Леброн ќе го напушти тимот на Лос Анџелес Лејкерс, но дека нема уште да ја заврши кариерата.

„Верувам дека следната сезона нема да биде последна во кариерата на Леброн Џејмс“, изјави Стајн и додаде:

„Повторувам: ова е нешто што само тој вистински го знае, и повеќе се заснова на мојот инстинкт отколку на информација што сум ја објавил, но спаѓам во оние кои очекуваат дека тој ќе му соопшти на светот дека одредена сезона ќе му биде последна – пред таа сезона да започне.“

Леброн Џејмс урна бројни рекорди во НБА лигата, а доживеа и историски момент – да игра во ист тим со својот син Брони Џејмс.

Пред него стои уште еден подвиг – можноста да го собори рекордот на Нет Хики, кој играше професионална кошарка до 45-годишна возраст.

ПретходноТрансфери: Исак во Ливерпул за рекордни 150 милиони евра, Шешко во Њукасл, а Ромуло во Лајпциг!
СледноДонарума веќе го информирал Енрике дека ќе си оди: Следна дестинација Манчестер, Лондон, Минхен или Истанбул?!