НБА кошаркарот кој му се закануваше на Јокиќ е уапсен

2125
Фото: Денвер/Твитер

Кошаркарот Маркус Морис (35) е уапсен во Флорида и е приведен без кауција врз основа на потерница за кривично дело од друга држава, поради давање на неважечки чек, објави TMZ. Неговиот агент Јони Ној тврди дека Морис е приведен поради долг кон казино.

„Само за да бидат сите јасни, тука нема измама или какви било глупости што медиумите ги споменуваат за лажни чекови или што и да е. Ова е неплатен кредитен маркер во казино. Наводно, ако должите повеќе од 1.200 долари, тие можат да издадат потерница за ваше апсење. Тотално лудило“, рече агентот.

Морис е кошаркар кој игра во НБА 14 години, а од минатата година е без клуб. За време на неговата кариера, тој играше за дури осум клуба, неговиот просек е 12 поени на 832 одиграни натпревари.

Тој е познат и по тоа што му се закануваше на Никола Јокиќ откако српската ѕвезда се судри со братот близнак на Морис, Маркиев. Оваа ситуација повторно стана актуелна пред неколку дена, кога Маркус и Маркиев ги предизвикаа Страхиња и Немања Јокиќ, браќата на Никола, на боксерски меч.

ПретходноАлонсо прави чистка, закажал состанок со петмина фудбалери
СледноФлик го понижи Тер Штеген покажувајќи што мисли за него