И официјално, според изјавата на физиотерапевтот Јован Димовски, капитенот на Вардар, Горан Закариќ е спремен за реваншот со Лозана кој се игра во четврток.
„Здравствениот билтен е поволен. Повредата на Закариќ е минато. Тој ќе патува со тимот во Швајцарија“ рече покрај другото Димовски.
Инаку според она што можеше да се види од последните тренинзи, капитенот и офанзивецот на Вардар работи во турбо ритам и секако дека ова прекрасна вест за сите во нашиот најтрофеен клуб а посебно за шефот на струката Гоце Седлоски.
За разлика од него Михаил Талевски сеуште е повреден и на него ќе може да се смета за наредните мечеви, но не и за овој со Лозана.