Првиот противник на Македонија во претквалификациите во Бугарија ја „билда“ самодовербата

153
Фото: frbaschet.r

Романија е првиот противник на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за СП 2027 година. Оваа селекција на втори август ќе гостува во Куманово, токму против овој противник сениорскиот тим ќе започне да пишува нова страница бидејќи селекторот, Марјан Илиевски на располагање ќе има млади кошаркари.

Во меѓувреме и Романија, исто како Македонија закажа две пријателски средби против Бугарија. Оваа репрезентација се наоѓа во бугарскиот град Русе. На првата контрола беше поразена со 78-76, додека втората на програмата е денеска.

Селекторот на Романија Михаи Влад Силвашан пред заминување за Бугарија посочи дека овие тест средби ќе послужат за зголемување на самодовербата и градење на тимски дух пред гостувањето на 2. август во Куманово.

Покрај Романија, македонската кошаркарска репрезентација во овие претквалификации ќе се соочи и со Унгарија.

ПретходноОфицијално: Калц е новиот тренер на Шкендија Арачиново! (ФОТО)
СледноБомба во Леверкузен до 2030 година