Шампионот летна за Букурешт, летна кон историја!

386

Експедицијата на Шкендија доцна попладнево отпатува за Букурешт, каде во среда (30 јули) ќе го одигра реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против Стеауа. Познато е дека на првиот меч во Скопје нашиот шампион победи со 1:0 и има убава можност да ја мине оваа пречка. Ако се случи тоа тогаш Шкендија најмалку ќе обезбеди пласман во Лигашката фаза во ЛЛ (групна фаза) и ќе обезбеди приход од УЕФА за евро настапите оваа сезона од најмалку 5 милиони евра.

Тетовци за Букурешт отпатуваа од аеродромот во Солун.

Утре ќе го одработат и тој вообичаен тренинг во пресрет на мечот во среда, а се разбира дека ќе има прес-конференција.

ПретходноНорис ја откри причината за поразот од Пјастри: Не е проблем батеријата
СледноПознато е зошто Јуве одби да го пушти Веа во Марсеј