Раководството на Арсими вечерва и официјално се пофали дека има ново име во клубот.Тоа е Сикиру Оканлован Олатунбосун од Нигерија. Има 27 години покрај тоа што играл во својата земја, настапувал и за екипи во Турција, а во минатиот шампионат беше дел од Воска Спорт.
Се разбира дека Арсими во него гледа големо засилување. Да се потсетиме дека клубот од Чегране ќе го има своето деби во ПМФЛ во претстојната сезона.