Бабукар Гаје на изминатите три меча во квалификациите во ЛШ едноставно беше фантастичен. Покажа и докажа со право дека го заслужува голманскиот дрес на Шкендија.
Токму Гаје беше вечерва на пресот на Шкендија, секако покрај тренерот Јетон Беќири, па еве што кажа:
„Секако дека пред нас е тежок меч. Од друга страна сите ние во Шкендија веруваме во себе и своите квалитети. Според мене најважно е Шкендија да се фокусира на својата игра, треба да одиграме најдобро што можеме. Во фудбалот се е можно, за секунда да се сменат работите и покрај тоа што ние ја имаме таа предност од првиот меч. Овој меч е многу значаен за нас зошто може да донесе и пласман во групна фаза во едно европско натпреварување“.