Жоао Феликс ќе добива огромна плата во Ал-Наср

164

Жоао Феликс ќе добива плата од 17,5 милиони евра по сезона во Ал-Наср, објавува португалското издание „Correio da Manhã“. Во Челзи, напаѓачот добил 7 милиони евра, додека Бенфика му понудила 3 милиони.

Напаѓачот е блиску до трансфер во саудискиот клуб за 30 милиони евра, износот би можел да се зголеми на 50 милиони евра со бонуси и процент од идните продажби. Така, Феликс ќе заработува 2,5 пати повеќе во Саудиска Арабија отколку во Англија.

Во втората половина од минатата сезона, Феликс играше на позајмица во Милан, но „росонерите“ не сакаа да го задржат.

До пред неколку дена се веруваше дека португалскиот интернационалец ќе се врати во својот поранешен клуб Бенфика, но во последен момент ситуацијата се смени и тој ќе потпише со Ал-Наср, каде што ќе биде соиграч со Кристијано Роналдо.

Претходно„Непосакуваниот“ го напушта Сити, дали се надѕира најдоброто решение?
СледноЌато Османи и официјално е нов тренер на Малишева!