Фудбалска Анлија нешто големо чека од 1966 година кога на свој терен стана светски шампион. Цели 59 години оваа земја чека на шампионска парада.
И откако не може да се израдува на успесите на својата машка селекција, тогаш ќе се радува на титулите на својата женска селекција. Познато е дека пред два дена женската селекција на Англија стана европски првак, а по повод таа титула, попладнево во Лондон беше одржана спектакуларна парада на кои имало околу милион луѓе.