Македонија ја победи Бугарија среде Софија!

2076
ФОТО: Odbojkarska federacija na Makedonija

Машката сениорска репрезентација на Македонија победи со 3:0 (26:24, 25:23, 25:16) против селекцијата на Бугарија на првиот пријателски натпревар во салата „Левски“ во Софија во рамките од подготовките за европските квалификации на почетокот на следниот месец.

Македонија и Бугарија играа натпревар зад затворени врати, а Бугарите беа во проширен состав, па во договор меѓу селекторите беше одигран и дополнителен четврти сет, кој исто така и припадна на Македонија, 25:22.

Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите репрезентативци кои ги имаше на располагање. Македонија одигра дисциплинирано во полето и првата проверка на силата покажа дека екипата е на одличен пат по десетдневното темпирање на формата во Маврово.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 17 поени беше лидер на тимот, следен од Филип Савовски со 11 поени и Александар Љафтов со 10, додека Владо Милев, Филип Маџунков и Стојан Илиев имаа по седум поени.

Вториот контролен натпревар Македонија и Бугарија го играат утре на пладне во салата „Левски“ во Софија.

ПретходноТренерот на ФЦСБ голем оптимист: “Не размислувам за пенали, порано ќе го завршиме натпреварот“!
СледноЈани Атанасов потпиша за АЕ Лариса! (ФОТО)