Македонскиот фудбалски бисер Емили Митковска на проба во шведскиот АИК Стокхолм!

291

18-годишната фудбалерка од Куманово, Емили Митковска, овие денови се наоѓа во Шведска каде е на проба во редовите на еден од најголемите клубови во Скандинавија – АИК Стокхолм.

Митковска, која настапуваше за ЖФК Речица и веќе има настапи за младинските селекции на Македонија, беше забележана од скаутите Владимир Наумовски и Борјан Стојановски, кои го организираа нејзиниот контакт со клубот и нејзиното доаѓање во Стокхолм.

„Емили е играч со фантастичен потенцијал – технички зрела, физички подготвена и со одличен чит на играта. Веруваме дека нејзиниот менталитет и квалитет ќе остават впечаток во АИК и дека ова може да биде само почеток на една европска кариера,“ ни изјави Владимир Наумовски.

ПретходноСмртта на 9-годишен фудбалер ја потресе Англија!(ФОТО)
СледноТренерот на ФЦСБ голем оптимист: “Не размислувам за пенали, порано ќе го завршиме натпреварот“!