Митевски: Сакаме да покажеме дека има надеж и потенцијал во нас

36

По сработеното во Гевгелија и двете контроли со Швајцарија, сениорите се во Скопје, каде одработија два тренинзи во салата на СРЦ „Кале“. Пред утрешното заминување за Куманово, ќе биде одработен уште еден.  
Победите на пријателските мечеви против репрезентацијата на Швајцарија дополнително ја зголемија самодовербата кај нашите момчиња. „Земајќи во предвид дека сме се млади играчи, атмосферата можам да кажам дека е одлична.
Имаме голема енергија и големи очекувања пред се да покажеме на Македонија има надеж и потенцијал во нас младите. Нам ни останува да го дадеме максимум“, изјави Максим Митевски. Младиот бек смета дека дека во овие неколку дена до почетокот на претквалификациите, ќе бид еуште подобри:  
„Имавме добар подготвителен период, каде во пријателските натпревари против Швајцарија покажавме  дека сме на добар пат. Се надевам дека остатокот од подготовките ќе мине исто така добро. Пред се од здравствен аспект. сигурно дека со напорен тренинг на теренот во Куманово ќе истрчаме максимално подготвени“ – дополни Митевски.

ПретходноГолеада на пријателски меч: Струга ТЛ со 5:3 успеа да ја победи Вора!
СледноИван Чупиќ: Не ги криеме нашите амбиции и во домашниот шампионат и во Европа!