Лесно беше да се одлучиш кога си Жоао Феликс, еден од најголемите таленти во свое време во фудбалска Португалија, кој никогаш не успеа да се докаже на најголема сцена. Играше и за Атлетико Мадрид, Барселона, Челзи и Милан ама ништо.
И кога Бенфика одлучи да го врати дома, тој радосно рече ДА, за да по неколку дена ја прифати понудата на Ал-Наср од 18 милиони евра нето годишно.
Е, па, секако дека не е исто да земаш три или 18 милиони евра нето годишно, а и да играш заедно со Кристијано Роналдо.
Во секој случај денеска овој трансфер е реализиран. Пребогатиот Саудиски клуб се пофали со потписот на Жоао Феликс.