Ѓорѓе Белиќ (27) од денеска е ново име во таборот на Пелистер. Станува збор за играч за врска кој доаѓа од Србија и кој може да игра на повеќе позиции во тој дел од тимот. Ова значи дека битолчани и натаму го засилуваат својот тим во пресрет на стартот на новта сезона која почнува во вториот викенд следниот месец.
Белиќ досега во својата кариера играл за Мачва, Дрина Љубовија, Лозница, Дубочица, а последен клуб му бил Вождовац.
Белиќ е уште едно ново интернационално име во редовите на Пелистер во текот на овој летен преоден рок.