Пеп Гвардиола: “Да се вратам во Барселона како тренер? Заврши тоа засекогаш! Како претседател? Не!“

174
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Пеп Гвардиола, како еден од најдобрите тренери во историјата, штом каже нешто веднаш тоа се анализира, детализира. Така и по најновото интервју за шпанското издани на GQ.

Искажа повеќе интересни работи. Секако дека една од главните теми беше Барселона. Клуб каде што тој ги мина најубавите играчки денови, но и клуб каде беше стратег од 2008 до 2012 година кога освои буквално се што можеше да се освои и тоа по неколку пати.

-Дали некогаш би се вратил во Барселона како тренер?

Не. Заврши тоа засекогаш. Беше убаво додека траеше, но заврши засекогаш“.

-Дали се гледа себеси во иднина како претседател на Барса?

Не. Мислам дека не сум подотвен за такво нешто“.

-Уште колку долго мисли да биде тренер?

Не сум сигурен, сепак едно знам. А тоа е дека кога ќе заврши ова со Сити имам намера да земам одмор кој ќе трае една година, пет или 15. Сакам да му се посветам на моето здравје и тело. Веројатно ќе се пензионирам по Сити. Сепак, ќе видиме“.

-Што мислиш за споредбата на Јамал што се прави со Меси?

Мислам дека Јамал треба да се остави сам да си ја развива својата кариера. За 15 години ќе кажеме дали бил подобар или полош од Меси. Сепак самиот факт што уште сега го споредуваат со Меси се големи зборови“.

ПретходноРодриго не е заинтересиран за трансфер во Тотенхем!
СледноДенот започна со трансфер од 75 милиони евра: Големата ѕвезда пристигна од другата страна на светот!