Романците со два порази ќе влезат на мегдан со Македонија

119

Остануваат уште четири дена до стартот на претквалификациите за СП 2027 година. Македонија е во група со Романија и Унгарија, а првиот меч ќе го игра на втори август во Куманово.

Противник на избраниците на селекторот Марјан Илиевски е Романија. Оваа репрезентација е во Русе каде одигра два контролни меча против Бугарија, и на двата запиша пораз. Првиот меч го загуби со 78-76, додека на вториот беше совладана со 90-81.

И покрај овие два порази не треба да се заборави фактот дека Македонија во овие претквалификации ќе има млад и неискусен состав, започна процесот на смена на генерација и тоа без поддршка од Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, како и уште неколку имиња кои беа предвидени да ги поведат младите кошаркари. Од искусните репрезентативци Илиевски на располагање ги има Андреј Магдевски, кој е новиот капитен, Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли.

Претходно„Арнаутовиќ ќе игра против Линколн, ќе видиме само колку минути ќе биде на теренот“!
СледноГРК Охрид широко гледа кон 3. коло во Европскиот Куп