Сепак “бомба“ во Сплит. Вечерва медиумите во Хрватска наголемо пренесуваат дека Анте Ребиќ се договорил со Хајдук и дека ќе потпише двегодишен договор.
Исто така се пренесува дека ќе игра за 450.000 евра годишно, но ќе има и бонуси. Ова значи дека репрезентативецот на Хрватска ќе заработува двојно помалку од онаа сума досега во Лече.
Секако дека ова е големо засилување за Хајдук.
Манчестер Сити си го врати голманот Џејмс Трафорд. Сити го продаде голманот за 17 милиони евра,а сега за 32 милиони евра си го вратија. Тој досега беше дел од Барнли.
Ванкувер е новиот клуб на Томас Милер. Иако беше најавувано дека ќе игра во ЛА, сепак легендарниот Германец се одлучи за Канада.