Елијас Хараламбус, тренерот на ФЦСБ, во пресрет на утрешниот реванп меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против Шкендија, и покрај негативата од 0:1 од првиот меч не криеше дека е голем оптимист.
Тој смета дека неговиот тим ќе ја победи Шкендија и дека ќе се пласира во третата рунда во квалификациите во ЛШ:
Еве што кажа Харалмбус покрај другото:
“Најважно е што се вративме на Националната Арена. Тоа е стадион на кој сакаме да играме.Познато е дека постигнуваме одлични резултати на овој стадион. Ќе мора да го имаме поседот, ќе мора да играме брзо. Со помош на нашите навивачи ќе бидеме подобри. Играчите мора да играат и за нашите навивачи. Не размислувам за пенали. Сметам дека имаме квалитет и порано да го завршиме овој натпревар“ посочи Хараламбус.