Вечерва, веднаш после пресот на кој присуствуваа тренерот Јетон Беќири и голманот Бабукар Гаје, фудбалерите на Шкендија го одработија тренингот на Националната Арена во Букурешт.
Одлично расположени, со респект кон противникот кој важи за некогашен европски првак, но и со верба во себе.
Шкендија на првиот меч во Скопје победија со 1:0 и со тоа покажаа дека утре и тоа како нашиот шамион ќе се прашува за тоа кој ќе оди во 3.квалификациско коло во ЛШ или најмалку во лигашката фаза во ЛК.
Реванш средбата од 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра утре од 19:30 часот.