Јани Атанасов потпиша за АЕ Лариса! (ФОТО)

330
ФОТО: AE Larisa

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов (25) од денеска и официјално има нов клуб. Тоа е АЕ Лариса, па така откако стави официјален потпис веднаш беше промоворан од страна на раководството на грчкиот клуб.

Македонецот потпиша на две години а во АЕ Лариса доаѓа како слободен играч отако ја раскина досегашната соработка со Краковија.

Да потсетиме дека Атанасов покрај Краковија, досега има играно и за екипите на Пушча, Хајдук, Бурсаспор, Академија Пандев.

Да се надеваме дека играчот за врска во новиот клуб ќе има поголема минутажа па со тоа и како ќе и биде од корист на нашата А-репрезентација.

ПретходноМакедонија ја победи Бугарија среде Софија!
СледноГолеада на пријателски меч: Струга ТЛ со 5:3 успеа да ја победи Вора!