Утре на Националната Арена во Букурешт од 19:30 часот, нашиот пшампион ќе му гостува на ФЦСБ (Стеауа) во рамките на реваншот од 2.квалификациско коло во ЛШ.
Шкендија во Букурешт дојде со предност од 1:0, секако дека не е голема резултатски, но да психолишки план и тоа како е голема.
Сега целиот притисок е врз домашните фудбалери.
Стратегот на Шкендија, Јетон Беќири на вечерашниот прес по повод утрешниот меч со некогашниот европски првак, покрај дртугото истакна:
“Очекувам и се надевам дека ќе дадеме се од себе на овој натпревар. Секако дека го респектираме ФЦСБ. Сметам дека ова ќе биде тежок натпревар, во кој ние ќе се обидеме да дадеме се од себе. Мора да веруваме во себе, мора да го започнеме мечот како да е 0:0 од првиот дуел, а не 1:0 за нас. Не треба да мислиме дека имаме предност. Мора исто така секоја шанса што ќе ни се укаже максимално да ја користиме“.