Еден од нашите најтрофејни тренери од денеска има нов ангажман. Ќатип Османи е новит стратег на Малишева, тим кој се натпреварува во косовската елитна лига и кој минатата сезона заврши на третата позиција.
Откако имаше неславен настап во Европа ова лето, раководството на клубот го смени досегашниот стратег и го назначи Ќато Османи.
“Пред мене е нов тренерски предизвик. Имавме разговори, брзо се најдовме што се вели, ја прифатив понудата и можам да кажам дека сум нов тренер на тимот на Малишева. Со заедничка работа на сите во клубот се надевам дека ќе ги оствариме целите на клубот“ изјави за „СпортСпорт“ некогашниот стратег на Шкендија, Ренова, Шкупи, Струга ТЛ…