Ништо од Вардар, Карачиќ одбра клуб

1152

Игор Карачиќ одлучи својата кариера да ја продлжи во дресот на ППД Загреб.

Иако има 36 години тој игра на врвно ниво. По епизодата во Кјелце имаше понуди од повеќе тимови, многумина се надеваа дека ќе се врати во Вардар, но неговата одлука падна на Загреб.

Сите детали од едногодишниот договор со Загреб се веќе средени, а за утре е закажана прес-конференција на која ќе биде претставен како најново засилување на хрватскиот шампион

ПретходноМитревски: Посакуваме полни трибини против Романија!
СледноПогачар за победата на Тур де Франс доби севкупно 626.000 евра!