Погачар за победата на Тур де Франс доби севкупно 626.000 евра!

227
ФОТО: Facebook/Le Tour de France

Тадеј Погачар (26) завчера и по четврти пат го освои Тур де Франс, убедливо најпрестижната велосипедска трка во светот. Секако дека се победи на Тур де Франс е голем настан, посебно ако си Погачар кој во последните шест години дури четири пати заврши ако прв.

Словенецот со тоа докажа дека е убедливо најдоминантниот велосипедист на денешницата.

Секако дека за јавноста интересно е тоа колкава е паричната награда за победникот.

Имено таа изнесува 500.000 евра, што значи дека Погачар од организаторот ќе ја добие или веќе ја добил оваа сума како победник на Тур де Франс 2025 година. Сепак Словенецот ја зголемил оваа сума поради четирите победи по етапите, но и како најдобар во неколку категории, па затоа е таа сума од вкупни 626.000 евра/ 

Инаку Погачар, тука се сметаат сите приходи, бонуси и спонзорски договори, заработува околу 8 милиони евра годишно.

Сума која со оглед на тоа дека овој спорт е далеку од атрактивноста на фудбалот, тенисот, кошарката и др,спортови, сепак не е за занемарување, напротив.

ПретходноНишто од Вардар, Карачиќ одбра клуб
СледноФурние повторно лут: Како го поднесувате ова секое лето?