Фурние повторно лут: Како го поднесувате ова секое лето?

263

Еван Фурние неодамна го продолжи договорот со Олимпијакос до 2029 година, што повеќе не е спорно, но пред тоа беше вознемирен од бројните шпекулации во медиумите, поврзани со неговата кошаркарска иднина.

Јавно ги негираше некои од нив, но сега кога потпиша нов договор со клубот од Пиреја, Фурние повторно има информации поврзани со неговото име, кои повеќе не може да ги чита или слуша.

„Ако европската кошарка сака да биде сфатена сериозно, начинот на кој ги објавуваме вестите мора да се промени. Сите овие лажни гласини се срамни. Ова ми е прва летна пауза и веќе сум исцрпен. Не знам како вие го поднесувате ова секое лето“, напиша Фурние на мрежата „X“.

 

ПретходноПогачар за победата на Тур де Франс доби севкупно 626.000 евра!
СледноСтоле Димитриевски со повреда на рамото!