ЛШ жени: ЖРК Љуботен на мегдан со Рунавик!

86
ФОТО: ZRK Ljuboten/FB

Денеска во Скопје стартува кввалификацискиот турнир во женската Лига на Шампионите на кој учествува и ЖРК Љуботен. Фудбалерките на нашиот првак играа против составот на Рунавик од Ф. Острови, се чини дека имаа среќа во ждрепката. Мечот се игра на тереното на ФФМ во Скопје со почеток од 17 часот. Ова ќе биде и своевидно полуфинале, зошто победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Софија и Пјуник во битка за првото место и за пласман во следната фаза во квалификациите во женската Лига на Шампионите.

Во таборот на фудбалерките од Тетово владее голем оптимизам, тие се решени да го дадат својот максимум и да слават над тимот од Фарски Острови.

Љуботен во новата сезона влегува со уште посилен тим од лани. Доведени се неколку квалитетни засилувања, па се очекуваат и уште подобри резултати.

ПретходноАдем Мекиќ :„Знаеме дека Куманово е кошаркарски град, ќе добиеме голема поддршка“ (ВИДЕО)
СледноПМФЛ 1.коло: Вардар почнува со Пелистер дома, шампионот против Шкупи…