Откако го елиминираа ФЦСБ: 300.000 евра премија ќе поделат играчите на Шкендија!

1377

Така е тоа. Така е кога имаш успех и кога ќе елиминираш некогашен првак на Европа.

Како што дознаваме, играчите на Шкендија ќе поделат премија од 300.000 евра по пласманот во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

И заслужено, ако се знае дека досега тие му донесоа на клубот најмалку 5 милиони евра. Оваа премија е само за тоа што го елиминираа ФЦСБ.

Да потсетиме дека Шкендија после Вардар е вториот клуб од Македонија кој успеа да обезбеди пласман во групна фаза по старо или Лигашка фаза во Лига Конференции.

Во 3.коло во ЛШ ќе ги одмери силите со Карабах. Ете шанса за уште поголем успех, зошто да не и пласман во Лигата на Европа.

ПретходноЈетон Беќири за ароганцијата на директорите на ФЦСБ “Не ми е гајле што изјавуваат во медиумите“!
СледноНагелсман: Тер Штеген ќе биде бр.1 за Германија само ако биде бр.1 во Барселона!