Сениорите го одработија првиот тренинг во Куманово (ФОТО)

86

Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва е во Куманово, каде за неколку дена ќе го одигра и првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Селекторот Марјан Илиевски и неговите избраници, имаа можност да се запознаат со Арената во Куманово, каде на 2. август ќе ја пречекуваат Романија.

Селекторот Илиевски се одлучи во Куманово да „работат“ 15. кошаркари, кои еден час пред првиот официјален тренинг, имаа медиа-обврски кои ги налага ФИБА пред секој (прет) квалификациски циклус за големите натпреварувања.

Согласно со планираните активности на стручниот тим на нашата најдобра селекција, во Куманово ќе се тренира по два пати на ден, до пред стартот на натпреварите, предвиден за нашиот национален празник – Илинден.

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20.часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.

ПретходноТиквеш го потврди Чуквума Абакуезе
СледноБекали во очај не знае што збори: “Шкендија е тим од дивизија Ц“