Од Лозана, Швајцарија за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски
Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар, в четврток од 20:15 часот на Стад де Ла Тулиер во Лозана го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите против истоимената екипа од Швајцарија.
Златната шанса која што му се укажува на тимот на Вардар во оваа фаза од натпреварувањето е сериозна и нормално истата треба да се искористи.
Од историски аспект, македонските клубови, немале премногу средби со оние од Швајцарија.
Само на два пати тоа се случило во екс Југославија, каде што реално само Вардар имал можност да игра во Еврппа, а и по осамостојувањето кога голем број на македоски клубови си ја побараа среќата надвор од нашите граници.
Па така, до ова лето, само Пелистер и Работнички ја имаа таа чест да се сретнат со клубови од Швајцарија, но и битолчани и дебармаалци во тоа не беа успешни.
На 09.08.2001 година тимот на Пелистер во Битола го пречека тогаш сосема солидниот на квалитет тим на Сент Гален. Загубо со 0:2. На гостувањето пак на 23.08.2001 сосема друга слика, Пелистер одигра одлично и само гол во победата од 2:3 фалеше протвникот да биде елиминиран.
Од друга страна пак, на пресилниот Базел во 2006 година не можеше да му парира ниту тогаш доминантниот во ПМФЛ шампионатот, тимотн на Работнички.
Во Швајцарија беше 6:2, а во Скопје минимални 0:1 за Базел, и конечна елиминација на Работнички.
На Вардар во четврток му е потребно и евентуално реми. Затоа што победата во Скопје од 2:1, тоа го овозможува. Сепак, избраниците на тренерот Гоце Седлоски ниту во еден момент не би се задоволиле со реми, туку сигурни сме сите дека и тука ќе пробаат да го изненадат противникот и да одиграат онака фајтерски како и во Скопје.