Четири македонски и две странски екипи ќе бидат дел од 53-тото издание на Меѓународниот струшки турнир. На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ нема да го видиме бранителот на пехарот, Пелистер, а покрај домаќинот Струга ќе играат ГРК Тиквеш, РК Бутел Скопје и ГРК Охрид.
Дополнително екипите на Бурса од Турција и Раднички Крагујевац од Србија ќе го збогатат новото издание на Струшкиот турнир.
Турнирот ќе се одржи од 13 до 16 август.