Во меч со пресврти пораз за Ѓорческа

47

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена на стартот на W75 ИТФ турнирот во германскиот град Хешинген. Поуспешна од неа денеска беше домашната тенисерка Јулија Стушек, која победи со 2-1 во сетови (7-5, 2-6, 6-3) во меч со многу пресврти. Мечот траеше 2 часа и 5 минути, а за Ѓорческа слаба утеха е тоа што освои повеќе поени во мечот 92:91.

Во првиот сет мечот беше прекинат во четвртиот гем поради дожд при 2:1 во гемови за германската тенисерка. По враќањето Ѓорческа освои четири гема и поведе со 5:2. Во осмиот гем македонската тенисерка не искористи сет топка, а ривалката направи пресврт и сетот го доби со 7:5 во гемови. Вториот сет почна со водство на Стушек што значеше шест гема во низа, но следуваше подобра игра на Ѓорческа, која сетот го доби со 6:2 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Почетокот на третиот сет донесе водство за Лина од 2:0 во гемови, но до крајот на мечот Стушек направи пресврт и сетот го доби со 6:3 и избори пласман во следната рунда.

Следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на турнир во Куршумлијска Бања.

ПретходноПолувреме: Добра Шкендија, мудра Шкендија, Љатифи донесе израмнување во Букурешт! (ВИДЕО)
СледноОдлична вест: МТВ со директен пренос од дуелот меѓу Лозана – Вардар!