Во чест на Коби Брајант: Барса го претстави вториот дрес за новата сезона!(ФОТО+ВИДЕО)

137
ФОТО: FC Barselona/X

По успехот со својот главен дрес за новата сезона, се разбира со “десетката“ на Ламине Јамал, Барселона вчера го претстави својот резервен или втор дрес и тоа во чест на Коби Брајант.

Два исконски бренда, заедничка историја. Соработка родена од меѓусебно восхитување“ напиша покрај другото клубот од Каталонија.

Дресот е златен со виолетови и црни детали кои сочинуваат комбинација на бои инспирирана од боите на ЛА Лејкерс. Интересно е тоа што го нема класичното лого на Најк, туку го вклучува “Kobe Sheath“.

Во секој случај изгледа прекрасно.

ПретходноЛШ: Ц.Звезда без проблеми во 3.коло, деби на Арнаутовиќ, “Делиите“ се пресметаа со полицијата!
СледноРоманците најавуваат пекол за Шкендија, ама во Букурешт ќе се навива и за тетовци!