Напорите на Фудбалската Федерација на Македонија вродија со плод. Давид Даилоски македонскиот репрезентативец до 21. година доби наши документи и ќе биде дел од нашиот состав за претстојните квалификации кои стартуваат наесен.
Играчот ВВВ Венло од Холандија, беше повикан од страна на селекторот Горан Станиќ за тренинг кампот во Анталија пред неколку месеци, и задоволи што се вели. Сериозно се планира на него, и затоа од страна на ФФМ периодов се направи напор, Даилоски да ги добие македонските документи кои досега ете не ги поседувал. Имал само холандски пасош, кој за среќа трпи и поседување на втора патна исправа.
Даилоски е дете на тимот на НЕЦ Нијмеген, па направи трансфер во Венло. Има доста настапи за У17 и У18 селекциите на Македонија, но сето тоа беше на пријателски средби.