Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, и член на тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја воодушеви светската јавност. Словенецот присуствуваше на престижниот стрит баскет турнир The One i NYvsNY во Њујорк, пред се поради спонзорските обврски кон Најк, и во еден момент, целиот ивент го сврте сценариото кон него.
Дончиќ лежерно седеше во првиот ред, а топката спонтано пристигнас до него. Тој не би бил Дончиќ доколку уште по лежерно во седечка положба ја зеде топката упати шут и нормално погоди за целосно воодушевување на присутните.
За да ситуацијата биде уште позабавна, во тие моменти на сиот глас одеше неговата омилена нумера, Мики Милане од популарната пејачка од Србија, Вера Матовиќ.
LUKA MAGIC AT DYCKMAN 🪄 pic.twitter.com/ztE7RgaFgj
— NBA (@NBA) July 30, 2025