Екс играч на Барса заврши во болница откако куче го каснало за гениталиите

92
Фото: ФК Арис

Невообичаен и сериозен инцидент се случил во градот Терма во близина на Солун, а жртвата е фудбалер на Арис, Карлес Перез (27), пишуваат грчките медиуми. Според достапните информации, шпанскиот крилен играч го шетал своето куче кога било нападнато од друго куче. Во обид да ги раздели животните, Перез бил сериозно повреден во пределот на гениталиите бидејќи кучето го каснало и му предизвикало длабока рана.

Фудбалерот бил итно префрлен во болница, каде што е второ утро по ред. Лекарите внимателно ја следат неговата состојба и ја разгледуваат можноста за операција за санирање на повредата.

Перез е дете на Барселона, за која играше од 2012 до 2020 година. Тој имаше 13 настапи и два гола за првиот тим на Барселона и беше шампион на Шпанија во 2019 година. Потоа играше за Рома, со која ја освои Конференциската лига во 2022 година, Селта и Гетафе, а од оваа сезона е во Арис. Според Трансфермаркт, тој вреди два милиони евра.

ПретходноБранителот на пехарот не се пријави, струшкиот турнир ќе добие нов шампион
СледноМаврово е новата база на Алкалоид (ФОТО)