ЕП У-18: Јуниорите убедливо поразени во 1/8 финалето од силната Шпанија

64
ФОТО: FIBA.COM

Младите македонски кошаркари до 18 години, во својот четврти меч на ЕП во Белград, го доживеаја и четвртиот пораз, денеска од Шпанија, исто така убедлив со 92:38.

Ова беше елиминациски меч во рамките на 1/8 финалето на овој шампионат на кој се покажа дека Шпанија е далеку посилна селекција од Македонија, без разлика на борбеноста на нашите млади кошаркари, сепак тие не успеаја и денеска да извлечат подобар резултат. По овој пораз Македонија ќе бие битка за опстанок во елитата. 

Во првата четвртина Македонија даде силен отпор и не дозволи разликата да биде преголема како на останатите мечеви, беше 19:13. Сепак како што одминуваше овој натпревар Шпанија во целост ги диктираше настаните на теренот и на крајот на мечот успеа заслужено да слави и да се пласира во следната фаза. Во целост ја оправдау улогата на голем фаворит.

Кај нашата селекција најефикасен беше Димовски со 13 поени.

ПретходноЛиверпул ја победи Јокохама, стрелец беше и Вирц! (ВИДЕО)
СледноОбезбеден ТВ пренос: Гледајте и навивајте за Шкендија на МТВ!