За средбата со Романија, која ќе се игра на 2. август во Куманово, ќе конкурираат 15. играчи. По неколкуте одработени тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата сениорска репрезентација денеска ќе се пресели во Куманово каде ќе биде оној завршен дел од подготовките.
Во реновираната спортска сала во Куманово, каде на 2.август, ќе го играме првиот првиот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, „црвено-жолтите“ ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во протоколот за средбата со Романија.
Денеска, на пат за Куманово тргнаа следниве кошаркари кои ќе конкурираат за 12. финални места во ростерот за премиерниот меч во августовскиот ФИБА „прозорец“:
Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли