Калин со победа на стартот во Куршумлијска Бања!

50
фото: www.mtftennis.mk

Со убедлива победа и три загубени гема македонскиот тенисер Калин Ивановски (осми носител) го стартуваше ИТФ турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тој за 70 минути игра го победи Фрејзлер Ренгифо од Колумбија со 2-0 во сетови (62 61).

Ивановски имаше одличен старт на мечот и водство во првиот сет од 4:0 во гемови, за првиот сет да го заврши со 6:2. Во вториот сет македонскиот тенисер успеа да поведе со 3:0, а потоа ривалот го освои единствениот гем во вториот сет, кој заврши со 6:1 во гемови.

Во следната рунда Ивановски ќе игра со победникот од мечот Сирил Пилонел од Швајцарија и Ѓорѓе Спасиќ од Србија.

На турнирот во првото коло денеска беше елиминиран македонскиот тенисер Горазд Србљак, кој претходно имаше три победи во квалификациите.

ПретходноОмерагиќ, Пандев, Ибраими… на денешната ждрепка за новата сезона!(ФОТО)
СледноПознат распоредот и во ВМФЛ: Скопје тргнува против Слога Виница како домаќин!