Квалификации ЛШ – жени: ЖФК Љуботен убедлив со Рунавик и си закажа финале со Пјуник!

112
ФОТО: ZRK Ljuboten/FB

Фудбалерките на македонскиот шампион, ЖФК Љуботен, попладнево во полуфиналето од претквалификациите во ЛШ, успеа со 4:1 да го победи Рунавик (Ф.Острови). Едноставно македонските фудбалерки покажаа класа на теренот на Фудбалската федерација на Македонија и заслужено славеа. Со оваа победа ЖФК Љуботен се пласираше во финалето во групата каде ќе игра против составот на Пјуник, тим кој со 1:0 славеше против Софија.

Победникот од тој финален меч ги продолжува квалификаците во Лигата на Шампионите.

Кога сме кај денешниот меч да споменеме гостинкит е од Ф. Острови поведоа во 12.минута со голот на Бенбакуора.

Следувше пресврт на нашите фудбалерки и четири голови на Марковска, Мустафа, Максути и Охадиве за конечна победа од 4:1.

ПретходноПреговорите се обновени: Арсенал на чекор до ново екстра засилување!
СледноЦрвено – црните го одработуваат официјалниот тренинг во Лозана:Вештачка или природна Вардар утре оди по историја