Ливерпул ја победи Јокохама, стрелец беше и Вирц! (ВИДЕО)

74
ФОТО: Liverpool FC/X

На својот втор меч за Ливерпул, секако на пријателски мечеви, својот прв гол за “Редси“ го постигна Флоријан Вирц. Имено денеска во рамките на турнејата во Јапонија, Ливерпул со 3:1 славеше против Јокохама а Германецот во 62.минута со гол успеа да го израмни резултатот на 1:1. До крајот на мечот тимот од „Енфилд“ со уште два гола на Ниони и Нгумоха успеа да дојде до победа од 3:1.

И на оваа средба, што е и нормално за вакви подготвителни мечеви, стратегот на шампионот во ПЛ, Арне Слот им даде шанса на повеќе свои играчи.

Овој натпревар ќе биде запаметен сепак по првиот гол на најголемото летно засилување на Ливерпул, Флоријан Вирц.

ПретходноЛШ: Шкендија има најмалку пет милиони причини да испише историја!
СледноЕП У-18: Јуниорите убедливо поразени во 1/8 финалето од силната Шпанија