ЛШ: Шкендија има најмалку пет милиони причини да испише историја!

272

Дојде денот Д за нашиот шампион. Дали денешниот 30 јули 2025 ќе биде историски и не само за Шкендија туку и за мак – фудбалот? Тоа останува да видиме некаде после 21:30 часот.

Имено вечерва во Букурешт на Националната Арена се игра реваншот од двомечот меѓу ФЦСБ (Стеауа) и нашата Шкендија. Севкупниот победник оди во 3.квалификациско коло во ЛШ на мегдан со подобриот од двомечот меѓу Карабах и Шелбурн и оди најмалку во лигашката фаза во ЛК (групна фаза), а поразениот оди во 3.квалификациско коло во ЛЕ на двомеч со косовска Дрита.

И кога ќе се знае ова тогаш јасно е што Шкендија има пред себе, посебно по тие скопски 1:0. Би имала најмалку пласман во Лига Конференции и би имала најмалку приход од 5 милиони евра.
Не дека со евентуална елиминација ќе биде катастрофа, тогаш шансата се вика тимот на Зекирија Рамадан, ама зошто да се компликуваат работите кога може вечерва среде Букурешт да се испише историја. Посебно кога домаќин ти е некогашен европски првак.

Да се разбереме. ФЦБС сигурно нема да игра вечерва така како што играше во Скопје. Момците на стратегот Јетон Беќири треба да бидат подготвени и на провокации, подготвени против себе да имаат страшно мотивиран домаќин. Ова може да биде и предност за нашиот тим, познато е дека кога се игра со премногу емоции, тогаш губиш сигурно.

Значи вечерва треба Шкендија да биде мудра, паметна, да не се залетува, контрата да биде опасна, шансите мора по секоја цена да се користат а ќе има и тоа е повеќе од јасно.

Шкендија мора да верува во себе, во својот квалитет, грешките треба да се сведат на минимум. Шкендија треба да одигра и мангупски, да ги изнервира домаќини, да ги доведе во уште полоша ситуација.

И нека биде како во 2018 кога со Шериф, исто во 2.квалификациско коло во ЛШ во Скопје беше 1:0 а во реваншот беше 0:0 и се дојде до трета рунда во ЛШ, нема да имаме ништо против.

Е, па, Шкендијо ти си на потег.

Покажи што знаеш и испиши вечерва историја среде Букурешт.

ПретходноПораз на Македонија на втората контрола во Софија
СледноЛиверпул ја победи Јокохама, стрелец беше и Вирц! (ВИДЕО)