Маврово е новата база на Алкалоид (ФОТО)

173

Екипата на Алкалоид продолжува со подготовките за новата сезона. Кирил Лазаров и неговите момци се во Маврово, во овој момент се работи на висинско-базичните подготовки за предизвиците во Супер-лигата и квалификацискиот меч против Хановер во Европската лига.

Лазаров ги има сите ракометари на број, а во Маврово ќе се работи во следните десет дена, по што ќе следи заминување во Србија и Хрватска каде следат пријателски средби со ривали од Балканот на кои ќе се темпира формата.

Никола Костески и Марко Митев, работат според посебна програма за што побрза рехабилитација од повредите.

ПретходноЕкс играч на Барса заврши во болница откако куче го каснало за гениталиите
СледноПолувреме: Добра Шкендија, мудра Шкендија, Љатифи донесе израмнување во Букурешт! (ВИДЕО)