Обезбеден ТВ пренос: Гледајте и навивајте за Шкендија на МТВ!

1205

Убава вест од Букурешт. Како што објавија и официјално од таборот на нашиот шампион, во последен момент е обезбеден директен ТВ пренос од Букурешт од мечот меѓу ФЦСБ и Шкендија и тоа на МТВ2.

Секако дека ова е можност да се гледа Шкендија и да се навива за тимот од Тетово кој вечерва може да испише историја, а тоа е најмалку пласман во Лигашката фаза во ЛК или по старо групна фаза.

Да потсетиме дека натпреварот започнува од 19:30 часот по македонско време.

ПретходноЕП У-18: Јуниорите убедливо поразени во 1/8 финалето од силната Шпанија
СледноТетекс се пофали со четири нови играчи!(ФОТО)