Одлична вест: МТВ со директен пренос од дуелот меѓу Лозана – Вардар!

680

Екипата на Вардар е во Лозана каде утревечер (20:15 часот) го игра реванш мечот против истоимениот тим во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски и неговите момци на првата средба против фаворитот остварија победа од 2-1 и сега се на чекор до историја.

Вечерва стигна добра вест за сите фанови на „црвено-црните“, МРТ ќе врши директен пренос од овој натпревар, на своите канали МТВ 1 и МТВ 2.

ПретходноВо меч со пресврти пораз за Ѓорческа
СледноКадетките тргнаа со убедлива победа од фаворитот Германија